Ракометарките на ЖРК Вардар на денешната ждрепка во Будумпешта го добија европскиот шампион ЧСМ Букурешт во 1/2 финалето на Ф4 турнирот во Будумпешта. Екипа која минатата сезона беше фатална за „црвено-црните“, совладувајќи ги убедливо вардарки со 27:21 и не дозволи ракометарките на ЖРК Вардар да стигнат до своето прво финале во Лигата на шампионите.

Ракометарките на ЖРК Вардар се задоволни што се најдоа во завршницата во Лигата на шампиони, веруваат дека со малку среќа ќе дојдат до стигнат до посакуваното финале.

„На фајналфор турнирот во Будимпешта нема слаби екипи, така што не се радуваме, ниту пак тагуваме што го добивме ЧСМ Букурешт. Се ќе зависи од нас, мораме да се фокусираме да ги исправиме грешките во нашата игра до Ф4 турнирот“ – изјави Дибирова.

Голманката Амандин Лејно, како и Дибирова изјави:

„Не знам што да кажам. Сите тимови се силни. Секоја сезона е нешто ново. Сакаме да одиме таму и да се бориме. Покажавме силен карактер. Како и сите таму сакаме да победиме. Јас ќе одам во Будимпешта да се натпреварувам и да уживам. Заедно ќе се подготвуваме и со малку среќа во финале сакаме да се пласираме”
– изјави Амандин Лејно.

Полуфинале – Ф4
  • Будуќност : Ѓер
  • ЧСМ Букурешт : ЖРК Вардар
*Ф4 турнирот ќе се одржи на 6-7 мај во Будимпешта, а термините за 1/2 финалните и финалните натпревари се 15:15 и 17:45 часот.