Одбираме повторно „Играч на неделата“ како и секоја недела од македонските екипи кои настапуваат во ВИП Супер лигата, Лигата на шампиони и СЕХА лигата. Оваа недела нови 5 играчи, од кои со принцип на гласање заедно ќе го одбереме најдобриот играч за таа недела.

1. Дејан Манасков (РК Вардар)

Левото крило на Вардар, Дејан Манасков во рамките од СЕХА лигата ја бомбардираше РК Струмица со 17 погодоци, со кои го израми рекордот на Антл од екипата на Татран, кој истотака постигна 17 погодоци против РК Струмица. Манасков покажа уште еднаш дека е во одлична форма и дека Раул треба почесто да го искористува во лигата на шампионите.

2. Пеце Ѓоргиевски (РК Прилеп)

Ракометарот на РК Припеп, Пеце Ѓорѓиевски беше најпрецизен кај прилепчани против екипата на Металург 2, со која одиграа еден „кошаркарски“ натпревар во кој се постигнаа вкупно 77 погодоци. Ѓорѓиевски натпреварот го заврши со 9 погодоци, со што со право се најде во нашиот избор.

3. Вања Илиќ (РК Работнички)

Левото крило на РК Работнички, Вања Илиќ не запира со одличните партии оваа сезона. Повторно одигра одличен натпревар на тешкото гостување во Радовиш, каде постигна 9 погодоци, со што беше еден од најзаслужните за големата победа на скопјани против екипата на РК Радовиш.

4. Александар Стојаноски (ГРК Борец)

ГРК Борец стигна до голема победа против екипата на РК Тинекс Пролет, благодарение на изворедниот голман, Александар Стојановски кои нанижа 17 одбрани. Одбрани со кои ги откажа уште во првото полуреме ракометарите на РК Тинекс Пролет, а воедно беа и клучни за новите поени на велешани.

5. Стефан Дрогришки (РК Пелистер)

Капитенот на РК Пелистер, Стефан Дрогришки оваа сезона игра одлично. Од натпревар во натпревар е се подобар, а доказ за тоа е и последниот натпревар против Вардар Јуниор, каде постига 9 погодоци. Со што беше еден од најзаслужните за новата победа не битолчани.
9 против вардар јуниор

Играч на неделата (30.11.2015 - 06.12.2015)

  • Пеце Ѓоргиевски (РК Прилеп) (48%, 480 гласови)
  • Александар Стојаноски (ГРК Борец) (34%, 342 гласови)
  • Дејан Манасков (РК Вардар) (8%, 78 гласови)
  • Стефан Дрогришки (РК Пелистер) (8%, 78 гласови)
  • Вања Илиќ (РК Работнички) (2%, 19 гласови)

Вкупно гласале: 997

Loading ... Loading ...
*Анкетата е отворена до 11.12.2015 година