Лоши вести стигнуваат од Франција, македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков пред време го заврши настапот на СП во Франција.

Иако се чинеше дека повредата на Манасков не е сериозна, денешните лекарски прегледи го покажале спротивното. Станува збор за скинат мускул, по што ќе мора да паузира околу два месеци.

На утрешниот натпревар против Норвешка, само Миркуловски ќе се врати во составот, бидејќи не станува за некоја посериозна повреда.

МакРакомет му посакува брзо закрепнување и враќање на терените!