Тренерот на РК Вардар го одреди составот на Вардар за првото коло во Лигата на шампионите, против екипата на Монпеље. Во тимот, откако поголемиот дел од минатата сезона го пропушти заради тешка повреда, се враќа Блаженко Лацковиќ, кој на позицијата лев бек добива предност пред Горбок, кој мечот ќе мора да го следи од трибините.

16-те ракометари на Вардара за овој натпревар се: Штербик, Милиќ, Абутовиќ, Брумен, Циндриќ, Деревен, Дибиров, Душебаев, Карачиќ, Лацковиќ, Манасков, Македа, Марсениќ, Шишкарев, Стоилов и Тоскиќ.

Кај домаќинот Монпеље, во ростерот сепак ќе биде и Словенецот Доленц, иако во изминативе два дена се појавија шпекулации дека тој нема да биде подготвен за настап.

Тимот на Монпеље е следниот: Жерар, Шиферт, Бонефон, Боргес, Кошта, Доленец, Естеки, Фабрегас, Фостан, Габер, Гајиќ, Гигу, Мачковшек, Симонет и Туми.

Мечот се со почеток во 17:00 часот, во салата Рене Буњол во Монпеље, со директен пренос на МРТ1.