Плаво-белите на вчерашниот натпревар од СЕХА лигата, против двојниот српски шампион покажаа дека и покрај финансиските проблеми во клубот, нема да се откажат од опстанокот на клубот, туку напротив ќе се борат и работат на тоа во иднина да се врати уште посилен на европската сцена. Најмотивирани во сето ова и главни “виновници“ се младите надежи во македонскиот ракомет, ракометари кои на самиот натпревар покажаа голема желба за надигрување и покажување на својот несомнен квалитет, можеби без големо искуство, но ветувачки за сите фанови на Металург, дека престои блескава иднина за клубот.

Се разбира не може да очекуваме дека преку ноќ Металург ќе се врати на старите патеки и дека младиве надежи ќе станат играчишта. Ќе бидеме сведоци на тешки порази, но со голем труд за 1-2 години може да очекуваме резултати од целата макотрпна работа која ракометниот клуб Металург веќе со години наназад работи со младите талентирани ракометари. Истотака не смее да се заборави дека предуслов е стабилна финансиска ситуација, во која ќе се знае колку е буџетот и реално колку вистински засилувања во иднина може да се донесат.

Штo се oднесувa дo мечoт сo Вoјвoдинa, бевме сведоци на две интересни полувремиња. Во првото полувреме кај нашите ракометари се чувствуваше почетничката трема и згрченост, одговорноста која им се стави на нивниот грб за иднината на Металург. Држеа некаков резултатски приклучок, благодарение на Ренато Вугринец кој со своето искуство беше прав лидер, потпомогнат од Филип Талески во нападот и Марко Нелоски во одбраната. Што доведе до тоа Војводина да замине на полувреме со резултат 11:17, резултат после кој сите очекувавме ништо друго освен висок пораз на Металург…

Но, така не мислеа нашите млади ракометари. Кои одлично го започнаа второто полувреме, ја зголемија агресивноста во одбраната, со што не им дозволија на ракометарите на Војводина да постигнуваат лесни погодоци. Во нападот почнаа поборбено и поразлично да играат, почнаа да постигнуваат погодоци од повеќе позиции. Двата погодоци на пикерот Пешевски и десното крило Костески ја раширија одбраната на Војводина, и се до 45-тата минута се играше гол за гол, но ветувачка игра и се гледаше желбата на нашите ракометари за пресврт на натпреварот.

Бековската тројка Борјан Маџовски, Филип Талески и Марко Нелоски потпомогнати од искусниот Ренато Вугринец функционираше одлично и течно во нападот, кои ги активираа нашите крила и нашиот пикер.

Пресвртот дојде веќе во периодот од 47-та до 57-та минута, каде во главна улога беа нашиот голман Митревски, кој блесна кога најмногу требаше, и младиот Костески, кој постигна шест гола од исто толку обиди. Со што направија серија од 5:0 и го израмнија резултатот и дигнаа на нозе малобројната публика во салата.

Во последните 30 секунди имавме и напад за победа, но тука веќе паднавме на неискуството на нашите ракометари кои не успеа да одиграат позиционен напад и ја изгубивме топката на 10 секунди, во кои и ракометарите на Војводина не реализираа, со што беше поставен конечниот резултат од 26:26.

Истотака мора да се напомене дека за Ренато Вугринец ова беше последниот натпревар за Металург, на кој постигна 9 погодоци и уште еднаш покажа дека е вистински лидер. По завршувањето на средбата доживеа вистински овации од публиката и играчите, кои му се заблагодарија за целиот придонес овие години во Металург.