ЖРК Вардар убедливо го победи Мец

Стоилов и Талески меѓу кандидатите за идеалниот тим на ЕП
26/01/2018
Романија е сериозен противник!
27/01/2018

ЖРК Вардар убедливо го победи Мец

Вечерва ракометарките на Вардар продолжија со низата добри игри во Лигата на шампионите, издвојувајќи голема победа над францускиот шампион Мец, со резултат 29:23 (15:9). Екипа која пред нецела година вардарки ги совлада со убедливи 42-28 во Франција. Но, вечерва ракометарките на ЖРК Вардар одиграа максимално фокусирано и борбено во одбраната и нападот, каде уште од самиот старт го контролираа натпреварот и заслужено стигнаа до 7-та победа во низа во Лигата на шампионите.

Како решавачка се покажа цврстата одбрана на вардарки во првото полувреме, каде не им дозволија на французинките да создатат чиста позиција за кој, а кога ќе дојдоа до таа позиција Лејно бранеше и ги демотивираше ракометарките на Мец. Со што се одлепија резултатски уште во првото полувреме, кога на семафорот резултатот беше 15:9.

Во второто полувреме „црвено-црните“ продолжија со својата игра, за момент французинките пробаа да се вратат во игра кога се доближија само на три погодоци. Но, веднаш потоа ракометарките на ЖРК Вардар со една серија повторно ја вратија својата предност, која рутински до крајот на натпреварот ја одржуваа.

Најефикасни на натпреварот беа Цвијиќ со 7 и Пенезиќ со 6 постигнати погодоци, додека на голот Лејно повторно блескаше со 17 одбрани!

„Црвено-црните“ во следното второ коло од главанта фаза, ќе гостуваат во Германија кај екипата на Битигхајм.

С.П
С.П
Со спортот и ракометот уште од детството. Твитерџија и љубител на македонскиот ракомет! #макракомет

Comments are closed.