ЖРК Вардар нема да игра во Лигата на шампионите!

Лазаров: Мора да бидеме сериозни, играме за СП кое носи на ОИ!
05/06/2018
Златко Даскалоски: Романија никако не смееме да ја потцениме
07/06/2018

ЖРК Вардар нема да игра во Лигата на шампионите!

Македонија во следната сезона ќе биде без учесник во ракометната Лига на шампионите во женска конкуренција, откако ЖРК Вардар како актуелен македонски шампион не пријави екипа за настап во ЛШ.

„Црвено-црните“ во последните 5 години блескаа во Лигата на шампионите, но по егзодусот во клубот и заминувањето на сите ракометарки годинава следно беше откажувањето од ова натпреварување.

За разлика од женскиот, машкиот тим на Вардар пријави учество и од следната сезона повторно ќе биде дел од Лигата на шампионите. Исто така Македонија може да има уште еден претсавник, доколку ЕХФ го прифати барањето на Металург за настап со вајлд-карта.

С.П
С.П
Со спортот и ракометот уште од детството. Твитерџија и љубител на македонскиот ракомет! #макракомет

Comments are closed.