ЖРК Вардар му гостува на Битигхајм

Подмладувањето започна и мора да продолжи
04/02/2018
Металург убедливо подобар од Војводина
04/02/2018

ЖРК Вардар му гостува на Битигхајм

Ракометарките на ЖРК Вардар како лидер во групата без пораз сезонава, денес од 17:00 часот му гостува на германскиот Битигхајм во рамките на Лигата на шампионите.

Екипа која се наоѓа на последното место во нашата група, кој се соочува исто така со проблеми во составот. Каде поради повреди нема да бидат во составот ракометарките Ким Каиџинавичиус, Ангела Малестин, Сесил Вулер, Нина Милер и Сузана Милер. Битигхајм се засили со германската репрезентативка Ана Лоерпер на плејмејкерската позиција, но таа нема право да игра за Битигхајм во Лигата на шампионите во оваа сезона.

Вардарки стартуваа сигурно против Мец и делуваат добро подготвени за предизвикот во ЛШ и покрај потресите во клубот со најавата дека од јуни сите ракометарки ќе треба да си бараат нова средина. „Црвено-црните“ се фаворите на дешениот натпревар, каде се очекува уште еднаш да го потврдат својот квалитет и целта оваа сезона, освојување на Лигата на шампионите.

Натпреварот започнува од 17:00 часот, со директен пренос на МРТ.

С.П
С.П
Со спортот и ракометот уште од детството. Твитерџија и љубител на македонскиот ракомет! #макракомет

Comments are closed.