ЖРК Вардар Јуниор конечно со победа против ЖРК Металург

Червар: Верувам дека со помош на играчите ќе одговориме на предизвикот
18/05/2016
На денешен ден пред 14 години, Кометал ја освои Европската титула
19/05/2016

ЖРК Вардар Јуниор конечно со победа против ЖРК Металург

Екипата на ЖРК Вардар Јуниор денес на домашен терен конечно дојде до победа против својот најголем ривал, екипата на ЖРК Металург 25:19 (12:8). Со оваа победа од 6 голови разлика, еипата на Вардар Јуниор го обезбеди второто место на табелата, додека Металург со овој пораз падна на третото место.

Натпреварот одлично го започнаа и двете екипи, а во првите 20-тина минути имаше неколку изедначувања на резултатот. Од овој момент предноста ја презема екипата на Вардар Јуниор и успеа резултатски да се одлепи на +5, 12:7. До крајот на полувремето преостануваа уште 2 минути во кои Металург успеа да постигне само 1 гол и да замине на пауза при резултат 12:8.

Како во првото, така и во второто полувреме екипата на Металург беше непрепознатлива, со слаба игра во нападот, како и во одбраната. Непрепознатливата игра од страна на поедини играчи од екипата на Металург, како и ,,одличното“ судење на судискиот пар Ќаеви, доведоа водството на вардарки да се зголемува и на крајот да се радуваат на убедлива победа која беше изразена со 6 голови, 25:19.

Најефикасни ракометарки на овој натпрвар беа Керамичиева со 7 од Вардар Јуниор и Јовановска и Стојковска со по 4 голови од екипата на Металург.

ЖРК Вардар јуниор – ЖРК Металург 25-19 (12-8)

Вардар јуниор: Белмезова, Ладева, Прленда 4, Петровска, Стојановска 4, Трпковска 2, Георѓиевска, Николовска, Митова 2, Бојаџиска 1, Нолевска 5, Велкова, Џини, Керамичиева 7, Мишевска, Гичевска.
ЖРК Металург: Серафимова Антиќ, Дурланова, Каранфиловска, Белеска 2, Јовановска 4, Николиќ 3, Стојковска 4, Цаневска, Граматова, Ливриниќ 3, Саздовска 3, Дабевска, Петковска.

Comments are closed.