ЖРК Вардар ја одбрани шампионската титула

(Видео) РФМ ги објави најинтересните моменти од 7-то коло во плејофот
24/05/2016
Дерби: Титулата ќе се решава денес во Автокоманда
25/05/2016

ЖРК Вардар ја одбрани шампионската титула

Како што и се очекуваше, ЖРК Вардар ја продолжи својата доминација во македонскиот женски ракомет, откако денес повторно убедливо славеше над ЖРК Металург во Автокоманда, со 24:45. Со што ја одбрани шампионската титула, веќе четвртата титула по ред.

Уште по првите 20 минути, вардарки поведоа со двоцифрена разлика 6:16, по што до крајот на натпреварот водството нивно растеше се повеќе и повеќе, за на крајот изнесува убедливи 21 погодок разлика.

Вардар теоретски ја обезбеди титулата на едно коло до крајот на сезоната бидејќи има 21 бод, шест повеќе од Металург, екипа со која шампионот ќе се сретне и во завршната рунда, веќе четврток во 16:00 часот, кога ќе се случи и свеченото доделување на пехарот.

Најефикасни на натпреварот беа Барбара Лазовиќ со 7 и Андреа Пенезиќ со 6 погодоци кај ЖРК Вардар, додека кај домаќините најефикасна беше Николиќ со 7 и Ливриниќ со 6 погодоци.

С.П
С.П
Со спортот и ракометот уште од детството. Твитерџија и љубител на македонскиот ракомет! #макракомет

Comments are closed.