ЖРК Вардар ги посрамоти ЖРК Металург

РК Вардар го освои Купот на Македонија
14/05/2016
Немања Прибак е во одлична форма
16/05/2016

ЖРК Вардар ги посрамоти ЖРК Металург

Ракометарките на ЖРК Вардар многу лесно го освои Купот на Македонија, најавувајќи уште една двојна круна, како и во претходните две сезони.

Во денешното финале во Автокоманда, каде се очекуваше колку толку некој отпор од страна на ракометарките на ЖРК Металург, тоа го немаше. Вардарки ги прегазија, убедливо со 39:21 славеа и заслужено го подиграа победничкиот пехар, 4-ти пат во својата историја, а 3-ти пат по ред.

ЖРК Вардар одлично го отвори натпреварот. Уште на самиот почеток вардарки со две серии едно по друго го решија натпреварот. Најпрво поведоа со 5:0, за потоа после 10 минути игра на семафорот беше 9:1. Иако во составот на „црвено-црните“ ги немаше Андреа Лекиќ, Барбара Лазовиќ, Ања Алтхаус и Јованка Радичевиќ, останатите немаа проблем во оваа лесна и убедлива победа над ЖРК Металург.

Ракометарките на ЖРК Металург, како и стручниот штаб треба добро да се запрашаат „Што се случи на овој натпревар?“. Кога сите очекуваа „плаво-белите“ да ја искористат шансата и да покажат дека имаат напредок во својата игра и имаат квалитет, тие го покажаа спротивното – „тапкање во место“.

Последните месеци се шири дека екипата на ЖРК Металург ќе се распаѓа, дека имаат проблеми …
Дали тоа се причините за овој срамен пораз или не, останува да видиме во следниот перидот!

Воедно да се напомене дека кај ЖРК Вардар завршија и сите три индивидуални признанија во завршницата од Купот на Македонија. За најкорисен играч беше прогласена Андреа Кликовац. Наградата за најдобар голман и припадна на Ина Суслина, а најдобар стрелец во завршницата од Купот е Андреа Човиќ со 17 гола.

  • Металург – Вардар 21-39 (8-23)

Металург: Серафимовска, Антиќ, Дурланова, Каранфиловска, Белеска 5, Јовановска 3, Николиќ 5, Стојковска 1, Цаневска 2, Граматова, Ливриниќ 5, Саздовска 1, Дабевска, Величковска, Петковска.

Вардар: Петковска 8 одбрани, Лејно, Суслина 9 одбрани (4 пенала), Кликовац 5, Дамњановиќ 7, Дембеле, Сокач 6, Пенезиќ, Черноиваненко 7, Човиќ 5, Ихнева 1, Хмирова 4, Ристовска 2, Грбиќ 2.

С.П
С.П
Со спортот и ракометот уште од детството. Твитерџија и љубител на македонскиот ракомет! #макракомет

Comments are closed.