ЖРК Металург го преслуша ЖРК Вардар Јуниор за ново финале во Купот на Македонија

ЖРК Металург и ЖРК Вардар во финалето во Купот на Македонија
13/05/2016
(Видео) Георгиевски во Топ 5 погодоци во француското првенство
13/05/2016

ЖРК Металург го преслуша ЖРК Вардар Јуниор за ново финале во Купот на Македонија

Ракометарките на ЖРК Металург во првиот полуфинален натпревар од Купот на Македонија успеаа да забележат победа над екипата на ЖРК Вардар Јуниор 23:19 (13:7). Со оваа победа, ЖРК Металург обезбеди место во големото финале кое е закажано за во недела со почеток во 17:30 часот.

Досега, ова е четврти дуел помеѓу овие две екипи заедно со оние од регуларниот дел и плејофот. Поуспешна екипа е екипата на Петровски која има 3 победи и 1 пораз. Натпреварот одлично го започна екипата на Вардар Јуниор која поведе со 3:1. Но, тоа беше единственото водство на вардарки, а од тој момент па се до крајот на натпреварот во водство беше екипата на Металург и успешно држеше контрола врз резултатот. Во првите 20-тина минути водството на Металург беше од 2-3 голови, а потоа тоа се зголемуваше. Петковска од ЖРК Металург постигна гол за максимални +6 голови (12:6), a до крајот на првото полувреме и двете екипи додадоа по еден гол и на одмор заминаа со резултат 13:7.

Второто полувреме помина во знак на ЖРК Металург, со добра ира во одбраната го наведуваа противникот на грешки во нападот, шутеви од неизградени позиции, како и технички грешки. Сето тоа, ракометарките на Петровски успешно го реализраа и повторно го вратија највисокото водство од +6, 20:14. Без многу проблеми до крајот, ЖРК Металург ја одржуваше предноста и сосема заслужено дојден до нова победа и обезбеди место во финалето.

Најпрецизни на овој натпревар беа Саздовска со 7 голови и Стојковска со 5 голови од екипата на Металург, додека од екипата на Вардар Јуниор Нолевска со 5 и Стојановска и Трпковска со по 4 голови.

Comments are closed.