Волонтирај

МакРакомет е портал на македонскиот интернет-простор што ја информира јавноста за македонскиот ракомет, а истовремено и го промовира ракометот во нашата земја.

Нашите амбиции се порталот да се искачи на самиот врв. Токму поради таа цел на нашиот портал им отстапуваме простор на волонтери за пишување статии. Волонтерите треба да бидат креативни млади луѓе, со желба за докажување, да знаат барем еден странски јазик и основни компјутерски вештини и, се разбира, да се љубители на ракометот. Особено ќе ни биде задоволство да се пријават студенти што студираат новинарство.

Не пропуштајте ја можноста со свои авторски текстови да придонесете за развојот и за популаризацијата на ракометот во нашата земја.

Заинтересираните нека ја испратат својата кратка биографија (CV) на мејлот: makrakomet@gmail.com, со наслов Волонтер.

Со почит,
Тимот на МакРакомет

logo-img2