Виктор Дамчески: Сoн ми е дa зaигрaм зa Бaрселoнa

Вардар верен партнер на младите ракометари
18/12/2015
Битолчани го запреа РК Охрид
20/12/2015

Виктор Дамчески: Сoн ми е дa зaигрaм зa Бaрселoнa

Младиот ракометар на РК Тинекс Пролет, Виктор Дамчески е еден од повеќето квалитетни млади ракометари со кои располага скопската екипа. Младиот Дамчески допрва ќе го докажува и покажува својот квалитет, кој несомнено го поседува. Во разговор со МакРакомет, Виктор ги сподели своите почетоци со ракометот, видувањата за состојбата на својот клуб, како и уште многу интересни работи за себе.

1. Виктор, која беше причината за да започнеш да се занимаваш со ракомет? Од каде љубовта кон овој спорт?

Уште од мал сум голем фан на Барселона и се уште сум. Можам да кажам дека тоа е главната причина, а и виновник што почнав да тренирам и да се занимавам со ракомет. Започнав да тренирам на 9 годишна возраст во школата на Металург, а мој прв тренер беше Силвана Миленковиќ. Од тој ден, па се до ден денес ракометот ми е секојдневие и среќен сум заради тоа.

2. Настапуваш за екипата на Тинекс Пролет. Имавте шанса да се натпреварувате во Челинџ купот. Ги завршивте натпреварите по првото коло. Какви беа вашите очекувања?

За жал го завршиме настапот во европското натпреварување, односно во Челинџ купот уште на самиот почеток, во првото коло. Очекувавме подобри резултати, сепак морам да потенцирам дека ние сме екипа која е составена од млади ракометари и дека ова е за нас прво европско искуство. Од овие два натпревари добивме едно големо искуство и поттик за повеќе работа за да имаме подобри резултати и повеќе успеси во иднина.

3. Какви се амбициите на РК Тинекс Пролет за оваа сезона?

Амбициите на клубот се да играме плеј-оф како и минатата сезона. Како и сите, така и ние се стремиме кон подобри резултати и успеси. Оваа сезона е подобар квалитетот на екипите за разлика од минатите, оваа сезона се е можно. Сепак, како што кажав наша желба е повторно да играме во завршницата и да постигнеме подобри резултати од претходната сезона.

4. Како и секогаш доаѓа време на смена на генерации во македонската сениорска репрезентација. Ова е прашање кое често го поставуваме на вас младите ракометари. Според тоа, како гледаш на потенцијалот кај вас младите ракометари?

Смената на генерации е нормална и природна појава. На нас младите ракометари ни останува да тренираме напорно и да учиме од постарите и поискусните ракометари за да постигнеме што подобри резултати и поголеми успеси.

5. Доколку имаш понуда да играш во друг клуб дали би прифатил и во кој клуб би имаш желба да настапуваш?

Да, би настапувал и за друга екипа. Доколку би имал подобра понуда, секако би размислил и би донел правилна одлука. Сон на секој ракометар е еден ден да настапува за омилената екипа или за некоја европска екипа, така и јас би сакал да заиграм некогаш во Барселона :-)

6. Што може да те изнервира највеќе за време на еден натпревар?

Јас сметам дека нема спортист кој не е на работ на избувливост за време на еден натпревар. Во зависност од натпреварот, постојат најразлични ситници кои успеваат секој спортист да го изнервираат. Јас секогаш се придржувам до една поговорка: „Никогаш не напаѓај додека си нервозен“. Со ова се смирувам, концентрирам и се воздржувам додека трае натпреварот.

 

7. Како се подготвуваш за еден натпревар? Имаш ли некои свои ритуали?

Сите имаат ритуали, без разлика дали се работи за спортисти или не. Конкретно јас и немам некој посебен ритуал, но секогаш неколку часа пред натпреварот ја слушам мојата омилена музика и на тој начин се релаксирам и концентрирам за натпреварот.

8. Како успеваш да избалансираш спортски начин на живот со оној „нормален“ живот на еден млад човек – излегувања, дружби?

Успевам да најдам време за се. Се се може ако се сака. Сепак сите сме свесни дека спортот самиот по себе си бара жртвувања и откажувања од многу работи. Но, јас слободното време се трудам максимално да го искористам, а најубаво и најдобро е кога си во друштвото на оние кои ги сакаш и ти значат.

Име ПрезимеВиктор ДамческиПозиција на која настапуваСреден бек
Датум на раѓање05.09.1996Прв клубРК Металург
Место на раѓањеСкопје, Р.МакедонијаСегашен клубРК Тинекс Пролет
Висина183смТип на музикаСекаков тип на музика во зависност од расположението во моментот :-)
Тежина76кгХоби или интерес за нешто различно од ракометотИграње фудбал со другарите


viktor-dimcevski1

9. Со кој од соиграчите највеќе се дружиш во и вон теренот?

Сите соиграчи ми се добри пријатели и се сложувам одлично на теренот и надвор од теренот. Знаеме да се собереме сите заедно, да се дружиме, но не би одвоил некој посебно со кого највеќе се дружам.

10. Кое е твоето мото?

Моето мото е: „Среќата е во мои раце, среќата е мој избор“. Не е важно колку пати ќе паднам, важно е секогаш да се исправам на нозе и никогаш да не се откажувам од моите цели.

11. Што ќе им порачаш на читателите на МакРакомет?

Поздрав до сите читатели на МакРакомет. Би им порачал на сите читатели и љубители на ракометот да не се откажуваат и да не губат надеж за македонските екипи и од македонскиот ракомет, бидејќи потребна ни е нивната поддршка, која нам многу ни значи.

Доколку би бил невидлив на 5 минути: би чекал да поминат тие 5 минути да бидам повторно видлив.
Доколку би имал супер моќ би: направил да нема болни и сиромашни луѓе и луѓе кои страдаат.
Кога не би бил ракометар, би бил: ММА Борец

С.П
С.П
Со спортот и ракометот уште од детството. Твитерџија и љубител на македонскиот ракомет! #макракомет

Comments are closed.