(Видео) Торпедото на Филип Кузмановски

Најмладиот македонски репрезентативец, Филип Кузмановски го имаше своето деби на денешниот натпревар против репрезентацијата на Франција. Го започна натпреварот во првата постава, и со играта во првото полувреме ја оправда одлуката на Обрван за неговото присуство во репрезентацијата. На натпреварот постигна два погодоци, од кој првиот беше ремек дело, торпедо кое го избуши Омејер.

Во второто полувреме не му се даде шанса на младиот Кузмановски, но сепак ова преставува вистински потег на селекторот Ивица Обрван.

Уживајте во прекрасниот гол на Филип Кузмановски!

С.П
С.П
Со спортот и ракометот уште од детството. Твитерџија и љубител на македонскиот ракомет! #макракомет

Comments are closed.