Македонскиот голман, Борко Ристовски и чуварот на мрежата на Вардар, Арпад Штербик се најдоа во Топ 5 одбрани во рамките од 11-то коло во Лигата на шампионите.

Ристовски одигра уште една добра партија во екипата на Барселона, а една од неговите интервенции против Кадете се најде на 5-то место на листата на најдобри одбрани. Додека Штербик кој имаше блескава партија против Пик Сегед (14 одбрани), ја има третата најдобра одбрана на колото.

Видеото од петте најдобри одбрани можете да го погледнете на следниот ЛИНК