Вистинска драма се случуваше на последниот тајмаут на македонските ракометари, кога се планираше како да го изведат последниот напад.

Капитенот Кире Лазаров предлагаше да финишираат со цепелин, но Гонзалес веднаш го пресече објаснувајќи му дека знаат сите, за потоа Стоилов да предложи лажен цепелин, кој исто така не беше прифатен од Раул. За на крај да одиграат акција преку пикер, која за жал не беше успешна.

Работи кои кажуваат колку добро функционираме како екипа, каде секој има простор да каже нешто и предложи и заедно да се одлучи како ќе се одигра.

А лажен цепелин ?! 😂😂🤣Столе ти си наша иконааа 🖼🇲🇰

Posted by Mario Ivanovski on Wednesday, January 17, 2018