На вчерашниот натпревар помеѓу екипите на Вардар и Металург, младиот талентиран голман на Металург, Мартин Томовски заблеска во второто полувреме. Томовски ја искористи шансата која му ја пружи Червар и нареди 8 одбрани, со кои изнуди одуевување на трибите во СЦ „Јане Сандански“.

Томовски оваа сезона максимално ги користи своите минути кои му се давааат да го покаже својот несомнен квалитет. Еден таков натпревар беше против екипата на РК Прилеп каде истотака блесна, а ние со право го кандидиравме за играч на неделата.

На следното видео може да ги видите неговите одличните одбрани: