Ракометарките на ЖРК Вардар на гостувањето кај Ференцварош славеа убедливо со 24:37 и се зацврстија на врвот во групата Б од Лигата на шампионите.

Вардарки прикажаа одлична игра, која уште по првите 15 минути од натпреварот го решија победникот. Голманката на ЖРК Вардар, Амандин Лејно на овој натпревар уште еднаш потврди дека е во одлична форма. Блескаше на голот, а една од нејзините одбрани во Будимпешта беше причината француската репрезентативка да се најде на првото место на најновата топ листа на најдобри голмански одбрани.

Најдобрите пет одбрани можете да ги погледнете на овој ЛИНК.