(Видео) Кузмановски и Дибиров во идеалниот тим на месецот во СЕХА лигата

Металург му гостува на Извиѓач во СЕХА лигата
28/02/2017
Вардар на тешко гостување кај Мешков Брест
04/03/2017

(Видео) Кузмановски и Дибиров во идеалниот тим на месецот во СЕХА лигата

Капитенот на Металург, Филип Кузмановски и крилото на Вардар, Тимур Дибиров се најдоа во изборот на идеалниот тим во минатиот месец од регионалната СЕХА лига.

Откако по повредата Кузмановски се врати во составот, одигра одлични натпревари и го водеше тимот на Лино Червар до победа над ППД Загреб, а блескаше и против Горење. Додека Добиров пак беше најзаслужен за триумфот на „црвено-црните“ против Горење,со кој Вардар го осигура пласманот на Ф4 турнирот, а претходно беше лидер и во победата над Нексе.

Идеален тим на февруари во СЕХА лигата:
  • Голман: Урбан Лесјак (Целје Пивоварна Лашко)
  • Лево крило: Тимур Дибиров (Вардар)
  • Десно крило: Блаж Јанц (Целје Пивоварна Лашко)
  • Десен бек: Давид Миклавчиќ (ППД Загреб)
  • Лев бек: Иман Џамали (Мешков Брест)
  • Среден бек: Филип Кузмановски (Металург)
  • Кружен напаѓач: Растко Стојковиќ (Мешков Брест)
  • Тренер: Бранко Тамше (Целје Пивоварна Лакшо)

С.П
С.П
Со спортот и ракометот уште од детството. Твитерџија и љубител на македонскиот ракомет! #макракомет

Comments are closed.