Macedonia vs. Poland, in Krakow, 17 January 2016.

Во пресрет на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите, еуфоријата помеѓу љубителите на македонскиот ракомет се зголемува. Полека, но сигурно целата јавност се насочува кон ракометарите на РК Вардар.

Мартин Пресилски не потсети дека имаме уште неполни 10 дена до овој голем спектакл, но исто така не потсети дека на овој Ф4 турнир ќе биде и нашиот капитен на македонската репрезентација, Кире Лазаров кој ќе игра 4-ти пат на овој турнир со различна екипа, овојпат со екипата на Нант.

Маестро, Кире Лазаров …
Легендата продолжува!

Повеќе видеа од Мартин Пресилски може да видите на неговиот Youtube канал => MP’™

МакРакомет му се заблагодарува на Мартин Пресилски, уживајте во видеото!