Вардар во ново финале во СЕХА Лигата

Ласко Андоновски: Челинџ Купот беше едно големо искуство за нас!
31/03/2016
Одлучувачки натпревар за ЖРК Металург и ЖРК Вардар Јуниор
02/04/2016

Вардар во ново финале во СЕХА Лигата

Во второто полувинале на СЕХА лигата, неизвесен и изедначен натпревар, Вардар го совлада ППД Загреб и се пласираше во финалето на СЕХА лигата.
Конечниот резултат 26-24 ја покажува неизвесноста во дуелот, во кој сепак Вардар беше подобар противник. Речиси во текот на целиот дуел македонскиот првак ја контролираше играта и имаше постојана предност. Иако немаше повеќе од 2-3 предност, победата на Вардар практично и не дојде во прашање.
Загреб во ниту еден момент не влезе во ритам и не успеа да се справи со одбраната на Вардар. Тоа особено беше видливо во првите 13 минути, кога Загреб постигна само 1 гол. Сепак Вардар не успеа значително да се одлепи уште на стартот, па до крајот на полувремето, Загреб малку ја подигна играта и на пауза се замина со резултат 12-10. Во вториот дел, Загреб на неколку пати се приближи до победа, имаше и предност од 1 гол, но на крајот квалитетот на нашиот првак беше пресуден.
Најдобри поединци кај Вардар беа Штербик, Карачиќ (3), Циндриќ (4) и Душебаев (5). Најпрецизен сепак беше Манасков со 6 гола, 5 од кои беа од 7 метри, со 100% успешност.

Во финалето Вардар ќе се сретне со тимот на Веспрем, кој во првото полуфинале го совлада Брест Мешков со 24-21.
Финалето се игра во недела, со почеток во 19:30, и директен пренос на МРТ1.

Т.К
Т.К
Ракомет > фудбал + кошарка. Ракометен фан од времето на Марина Абрамова!

Comments are closed.