Вардар верен партнер на младите ракометари

РК Тинекс Пролет подобар од РК Металург 2
18/12/2015
Виктор Дамчески: Сoн ми е дa зaигрaм зa Бaрселoнa
19/12/2015

Вардар верен партнер на младите ракометари

Ракометниот клуб на Вардар е еден од ретките клубови, кои се грижи за најмладите категории. Доказ за тоа е Вардар Јуниор лигата, со што ве покануваме да бидете дел од четвртото коло оваа недела, од 10 до 18.30 часот во малата сала на СЦ „Јане Сандански” и СЦ Кале, каде ќе се натпреваруват екипи на Ракометна Академија Вардар.

Изминатиот викенд, дополнителен мотив на младите ракометари беше присуството на големиот број на ракометарките од женската екипа на Вардар кои што во моментов не се на светското првенство со своите репрезентации.


Навистина беше големо изненадување за деца, бидејќи се најдоа „рамо до рамо” со своите идоли, на самиот терен додека оние самите беа актери на натпревари, што е сосема спротивно од што се инаку навикнати, а тоа е после секој натпревар на своите идоли имаат можноста да се сретнат со нив само како навивачи.

„Ракометарките со голема спонтаноста ги бодреа младите ракометари, особено оние најмалите, који покажа вистински карактери и борбеноста. Ваков пристап на ракометарките представува продолжение на подршка на нашите ракометари од сениорските екипи на РК Вардар, на младите ракометари који се дел од Ракометна Академија Вардар“ – изјави Тања Медвед, спортски директор на РК Вардар.
 
 
„Лигата и самата идеја за создавање на овој проект е повеќе од потребна, колку повеќе се игра ракомет надвор од тренингот толку повеќе и побрзо се напредува. Децата се она што го тренираат треба некаде и да го покажат, а оваа лига ќе ни помогне и полесно да ги препознаеме талентираните и правилно да се насочат во развојот сите што тренираат ракомет“ – изјави Александар Таневски, тренер на РК Филип-Вардар од Прилеп, регионалната единица на Ракометна Академија Вардар

МакРакомет го поздравува и поддржува овој потег на РК Вардар, подетално за нивната работа со младите категории почнувајќи од најмалите, па се до највозрасните, наскоро …

С.П
С.П
Со спортот и ракометот уште од детството. Твитерџија и љубител на македонскиот ракомет! #макракомет

Comments are closed.