Вардар СЦЈС убедливо поразени се враќаат од Шведска

(Видео) Лејно ја има најдобрата одбрана на колото во ЛШ
06/02/2017
Мукаетов останува на чело на РФМ и наредните четири години
08/02/2017

Вардар СЦЈС убедливо поразени се враќаат од Шведска

Ракометарките на Вардар СЦЈС убедливо поразени се враќаат од Шведска, каде загубија од екипата на Х65 Хорс со 26:13, во рамките од првиот 1/8 финален натпревар од Челинџ Купот.

Натпревар во кој ракометарките на Вардар СЦЈС им парираа на домаќините во првите 20 минути, кога на семафорот резултатот беше 5-4. За потоа да следува голем пад на вардарки и серија од 6-0 на домаќините, за на полувреме да заминато со предност од 12:6.

Во второто полувреме ракометарките на Вардар само продолжија со лошата игра во одбрана и со многу технички грешки во нападот. Дури 20 минути ракометарките на Вардар СЦЈС не можеа да постигнат погодок, за во 38-та минута ја прекинат серија и да врзат два гола по ред, за 17:7. Но, тука не заврши лошата игра на вардарки, туку продолжи повторно и во последните 10 минути, каде постигнаа само три погодоци и загубат убедливо со 26:13.

Ракометарките на Вардар СЦЈС имаат тешка задача на реваншот во Скопје, кој ќе се одигра на 12-ти фебруари од 13:00 часот.

С.П
С.П
Со спортот и ракометот уште од детството. Твитерџија и љубител на македонскиот ракомет! #макракомет

Comments are closed.