Ракометарите на Вардар се враќаат непоразени од Германија, откако вечерва во Манхајм одиграа нерешено 21:21 против Рајн Некар Левен. Со што остануваат единствен тим без пораз во Лигата на шампионите по 9-тото одиграно коло.

Натпревар исполнет со многу надигрувања, кој се реши во последната секунда кога Арпад Штербик успеа да го одбрани ударот на Гвардиола и да му донесе голем бод на Вардар. Како што и се очекуваше, одбраните на двете екипи беа на високо ниво. Особено во првото полувреме, во кое ракометарите тешко доаѓаа до погодок, по што на полувреме се замина со скромни 11:11.

Почетокот на второто полувреме беше фуриозен, бидејќи за неполни 4 минути се постигнаа 6 погодоци, по три на двете страни. Но, за само 5 минути повторно стапат на сцена одбраните и тешкото постигнување на погодоци.

„Црвено-црните“ на овој натпревар не го покажаа својот вистински квалитет, разновидноста во нападот и брзината на своите ракометари. Но, на голот го имаа расположениот Штерник, кој повторно блескаше на голот.

Но, сепак со оглед на играта на Вардар, овој бод е голем за понатамошното натпреварување во ЛШ и останување непоразен после 9 одиграни кола.

Најефикасни на натпреварот кај Вардар беа Дибиров со 5, Канењас и Криштопанс со по 4 постигнати погодоци, додека кај домаќините најефикасни беа Ларсен и Петерсен со по 4 постигнати погодоци. На голот на Вардар царуваше Штребик со 13 одбрани, а кај Рајн Некар Левен одличен беше Паличка со 11 одбрани.

Следниот натпревар на Вардар, воедно ќе биде и последен пред зимската пауза во Лигата на шампионите, ќе го одигра на 2-ти декември во Скопје, против екипата на Кристијанштад.