Вардар го пречекува Металург во рамките на СЕХА лигата

Раул Гонзалес го објави поширокиот список за ЕП Хрватска 2018!
05/12/2017
(Видео) Циндриќ го има најубавиот погодок во ЛШ за 2017 година!
12/12/2017

Вардар го пречекува Металург во рамките на СЕХА лигата

Македонското дерби помеѓу екипите на Вардар и Металург ќе се одигра вечерва во СЦ „Јане Сандански“, во рамките на 10-то коло во СЕХА лигата.

Актуелниот шампион и лидер на табелата во СЕХА лигата, Вардар со максимален учинок оваа сезона (15 победи) ќе го пречека Металург кој оваа сезона одигра многу променливо и само со 3 победи се наоѓа на 7-то место на табелата.

Фаворитската улога припаѓа на Вардар, но тренерот на Металург, Александар Јовиќ изјави дека со мотивирана и цврста игра од првата минута ќе имаат шанса да ги изненадат. Како што го изненадија пролетта (2 Април), кога издвојуваа победа од 29:26 во натпревар од домашното првенство.

Кај „црвено-црните“ неизвесен е настапот на Илија Абутовиќ и на Игор Карачиќ, поради повреди.

Вечерашниот натпревар има хуманитарен карактер, а сите собрани средства ќе бидат наменети за операција за Борче Јовановски (16) кој мора итно да замине на операција во странство на трансплантација на коскена срж.

Да бидеме хумани и вечерва во 20:45 часот да го наполниме СЦ „Јане Сандански“ ! ! !

С.П
С.П
Со спортот и ракометот уште од детството. Твитерџија и љубител на македонскиот ракомет! #макракомет

Comments are closed.