Вања Илиќ: Среќни сме што направивме три чекори повеќе од минатата сезона!

kire_lazarov_barcelona
Кире Лазаров ќе ја продолжи својата кариера во Нант
19/02/2017
pelister-rk
РК Пелистер го заврши натпреварувањето во Челинџ купот
19/02/2017

Вања Илиќ: Среќни сме што направивме три чекори повеќе од минатата сезона!

vanja-ilic-rk-metalurg-ls
Имавме прилика да разговараме со еден од клучните играчи на РК Металург, левото крило Вања Илиќ за изминатата сезона во Лигата на шампионите, како и за неговите очекувања во блиската иднина. Ракометар кој можевме да го видиме оваа сезона како игра и среден бек и пивот, позиции во кои многу умешно се снајде и одигра многу солидно. Играч кој беше од големо значење во разигрувањето во нападот, како и брзите полуконтри и конри на „плаво-белите“.
  • Имаше одлична сезона лани во РК Работнички, оваа сезона ја започна во Партизан, за по неколку месеци повторно се вратиш во Македонија, овојпат во РК Металург. Како тоа се случи? Што беше причината за твоето враќање?
Од порано РК Металург покажа интерест за мене, имаше преговори минатите години али завршија без успех. После повредата на Марчец повторно ме повикаа, по што овојпат се договоривме.
  • Брзо се вклопи во играта на Червар како лево крило, за потоа да играш повеќе како среден бек. Дали претходно си играл како среден бек или Червар го препозна твојот талент, бидејќи покажа дека одлично се снаоѓаш и на таа позиција?
Екипата ме прифати одлично, како да играме со години заедно. Им благодарам за тоа. Играв и порано среден бек, убаво ми е што Червар сега да ми ја даде таа слобода и ме користи на повеќе позиции.
  • Пред неколку дена потпиша двегодишен договор со РК Металург до 2019 година. Кои се твоите очекувања и цели следниов период?
Потпишав договор до 2018 година, со можност да биде продолжен за една година до 2019. Очекувам и понатаму да продолжиме со добрата работа и да напредуваме од ден на ден. Да покажеме дека оваа млада екипа знае и може уште повеќе.
  • Одигра доста солидно во ЛШ, каде постигна 25 погодоци на 5 натпревари. Дали си задоволен од постигнатиот успех со Металург во ЛШ?
Жал ми е што не успеавме да се пласираме во следната фаза, али среќни сме што направивме 3 чекори повеќе од минатата година. Мислам дека покажавме доста оваа година, се носевме со сите екипи до крај. Добро ќе ни дојде оваа година за разигрување и да се спремиме уште подобро за следната година.
  • Имаш ли ракометни идоли? Кои се тие ракометари чија игра особено те инспирира и те тера да напредуваш? Особено не интересира за луѓе кои играат на твојата позиција?
Со оглед на тоа дека играм на повеќе позиции, немам посебно некој да издвојам. Се трудам да го гледам најдоброто од секој и да учам да играм добро на сите позиции.
  • Како ти се допаѓа животот во Скопје? Како го поминуваш времето надвор од теренот?
Скопје ми се допаѓа, помал е од Белград али убаво е среден. Вообичаено времето го поминувам со пријателите дружејќи се преку некој друг спорт или така нешто. Сакам и да читам книги и да гледам филмови.
  • За крај, да видиме колку си добар прогнозер – твоја прогноза за тоа кој ќе ја освои Лигата на шампионите оваа сезона?
Тешко прашање, бидејќи во спортот никогаш не се знае, топката е округла. Го видовме тоа и минатата година, каде реално два аутсајдера влегоа во финалето, а фаворитите се бореа за третото место. Али ако би морал да одлучам за една екипа, тоа би било ПСЖ :-)
С.П
С.П
Со спортот и ракометот уште од детството. Твитерџија и љубител на македонскиот ракомет! #макракомет

Comments are closed.