Учинок на македонските репрезентативци на ЕП

Романија е сериозен противник!
27/01/2018
Роберто Гарсија Парондо е нов тренер на Вардар!
31/01/2018

Учинок на македонските репрезентативци на ЕП

Македонија одигра одлично на ЕП во Хрватска кое заврши вчера. Имаше одличен настап во првата рунда со голем триумф над Словенија, победа над Црна Гора и нерешен резултат со Германија, и полош настап во втората фаза – два тешки порази од полуфиналистите Шпанија и Данска, еден тесен, би се рекло несреќен, пораз од Чешка.
Македонија одигра добро на ова првенство како колектив, но како беше индивидуалниот придонес на репрезентативците? МакРакомет дава своја анализа на нашите ракометни ѕвезди, и субјективна оценка (ѕвездички од 1 до 5)

Голмани

Борко Ристовски (**) Одиграни натпревари: 6, Одбрани: 39/130, 30%
Ристовски беше стандардно прв голман на нашата селекција. Во првиот два меча од турнирот Ристовски беше потпросечен (4 односно 5 одбрани против Словенија и Црна Гора). Најдобрите партии ги прикажа против Германија (12) и Чешка (11) одбрани. Првиот голман на репрезентацијата не беше константно на највисоко ниво. Надвор од терените, сосем непотребно влезе во медиумска војна со селекторот на Хрватска, Лино Червар, нарушувајќи ја непотребно атмосферата во јавноста.
Никола Митревски (***) Одиграни натпревари: 6 , Одбрани: 38/108, 35%
Митрески имаше солиде настап на ЕП, особено ако се земе во предвид фактот колку шанса доби. Најзаслужен е за триумфор над Словенија (по неговото влегување направивме пресврт, а тој мечот го заври со 9 одбрани. Пружи одлична партија и против Шпанија и Данска (14, односно 10 одбрани). Турнирот го заврши со солидни 35% учинок и се најде на високото 6-то место на најуспешни голмани на турнирот. Се чини дека можеше да добие поголема шанса.

Крила

Дејан Манасков (*****) Одиграни натпревари: 6 , Голови: 28/44, 64%
Дејан Манасков заедно со Стоилов помина најмногу минути на теренот. Прв стрелец на Македонија со 28 постигнати голови. Манасков беше еден од нашите најдобри играчи и со сигурност во иднина ќе биде предводник на македонската ракометна репрезентација
Гоце Ојлески (/) Одиграни натпревари: 1, Голови: 0/2, 0%
Ојлески одигра само на последниот меч со Данска, премалку за оцена на неговиот придонес на шампионатот.
Гоце Георгиевски (**) Одиграни натпревари: 6, Голови: 6/15, 40%
Учинокот на Георгиевски на шампионатот беше под очекувањата. Само 6 голови на 6 натпревари на нашето прво десно крило е премалку. Се чини дека по трансферот во Романија Георгиевски како да не може да одигра на највисоко ниво во репрезентацијата. Сепак, Георгиевски езначаен дел од оваа селекција и ќе биде еден од важните штрафови во веќе започнатото подмладување на селекцијата.
Мартин Поповски (***) Одиграни натпревари: 6, Голови: 3/8, 38%
Мартин Поповски доби шанса, одигра 114 минути на 6 натпревари и се чини ја искористи. Покажа стабилност и во играта во напад и во одбрана и со своите 23 години сериозно се наметна за поизразена улога во репрезентацијата. За да може репрезентацијата посериозно да се потпре на него, потребно ќе биде да добие зналително поголема минутажа во клупските настапи.

Бекови

Кирил Лазаров (*****) Одиграни натпревари: 5, Голови: 19/42, 45%
И на 37 години, Лазаров е лидерот на оваа генерација. Иако за разлика од минатите шампионати не постигнуваше толку многу голови (реално одигра само три меча заради повредата во 4-то коло) Лазаров беше најважниот играч кај нас. Зарди знаењето, искуството, па и респектот кој го имаат противнците. Покрај 19-те голови имаше и 15 асистенции. Секој дополнителен збор за Лазаров е вишок. Тој е нашиот суперстар.
Филип Миркуловски (*****) Одиграни натпревари: 6, Голови: 11/18, 61%
Миркуловски беше диригентот на нашата игра во напад. Секогаш кога Миркуловски беше во игра, нашиот напад беше подобар, потечен, со помалку грешки. Покрај 11 гола имаше и 15 асистенции, а имаше и одличен придонес во одбраната. Неговото значење за тимот е речиси подеднакво големо како она на Лазаров.
Филип Талески (****) Одиграни натпревари: 6, Голови: 21/41, 51%
Кај Талески се забележува одличен напредок. Репрезентацијата доби играч од врвна класа кој игра и во одбрана и во напад и тоа многу ќе значи за селекцијата. Се уште се забележува неговото неискуство на моменти, но самиот факт што постига 21 гол и беше наш втор стрелец, покажува дека Талески веќе до година ше биде нашата ударна игра.
Филип Кузмановски (****) Одиграни натпревари: 6, Голови: 15/25, 60%
Филип Кузмановски заедно со Талески ќе бидат двигателите на идната македонска репрезентација. Одигра храбро, добро, атрактивно. Кузмановски допрва ќе покажува колку знае. Мора да поработи на себе контролата, но тоа доаѓа со годините и играњето во посилни клубови.
Немања Прибак (**) Одиграни натпревари: 6, Голови: 3/5, 60%
Прибак мораше да одигра подобро. Прибак требаше со своето искуство да помага како замена на Миркуловски, но тоа мораше да биде подобро.
Филип Лазаров (**) Одиграни натпревари: 5, Голови: 5/8, 63%
Филип Лазаров одигра променливо. Во дуелите со Словенија и Црна Гора ги постигна клучните голови, но тоа беше премалку. Направи и многу грешки и неговиот придонес во репрезентацијата е голем знак прашалник.
Мартин Велковски (***) Одиграни натпревари: 6, Голови: 6/15, 40%
Велковски неочекувано одигра значајна улога во вториот дел од турнирот, по повредата на Кире Лазаров. Очекувано, нервозно и со многу грешки го одигра мечот со Шпанија, но веќе со Чешка беше одличен и покажа дека мора да добива поголема шанса. Всушност, иако е многу далеку од квалитетот на Лазаров, јасно е дека мораше да добива шанса и претходно, бар по 10-тина минути.
Аце Јоновски (****) Одиграни натпревари: 6, Голови: 0/0, 0%
Ацо Јоноски се врати во репрезентацијата и беше еден од столбовите во одбраната. Со своето искуство и знаење и тоа како им помагаше на Кузмановски и Талески кои покрај него играа многу похрабро и подобро.
Велко Марковски (***) Одиграни натпревари: 4, Голови: 0/0, 0%
Велко Марковски доби поголема шанса во вториот дел од шампионатот и максимално ја искористи. Со оглед на возраста на Јоноски, Велко ќе треба да биде столб на одбраната во наредните неколку години.

Пивоти

Стојанче Стоилов (*****) Одиграни натпревари: 6, Голови: 18/23, 78%
Стоилов заедно со Миркуловски, Лазаров и Манасков беше нашиот најдобар играч. Столе одигра и во одбрана и во напад и беше навистина извонреден. Само аплаузи за неговиот настап.
Жарко Пешевски (*****) Одиграни натпревари: 6, Голови: 6/8, 75%
Жарко Пешевски максимално ја искористи добиената шанса. Напредокот кај него е очигледен, и целосно може да се каже дека на пикерската позиција нема да имаме проблем овој и наредниот олимписки циклус.
Никола Марковски (/) Одиграни натпревари: 3, Голови: 1/1, 100%
Никола Марковски ме доби премногу можност за игра за да се оцени неговиот придонес на шампионатот.
Т.К
Т.К
Ракомет > фудбал + кошарка. Ракометен фан од времето на Марина Абрамова!

Comments are closed.