Тунис – прв противник на Македонија на СП во Франција

(Видео) Се пее „Излези момче, право на тераса“ во соблекувалната!
06/01/2017
Червар го скрати списокот на 19 ракометари
08/01/2017

Тунис – прв противник на Македонија на СП во Франција

Тунис е првиот противник на Македонија на Светскиот шампионат во Франција. И тоа веќе некако му доаѓа како традиција. Македонија се сретна со Тунис во првите кола и на шампионатите во 2009 и 2015. И резултатот е нерешен. На шампионатот во Хрватска, Тунис беше поуспешен 25-24, а на минатиот шампионат во Катар, Македонија го прегази Тунис 33-25. Сепак во веројатно најважниот меч во македонската ракометна историја, на олимписките квалификации пред 8 месеци, Тунис комплетно не надигра и забележа убедлива победа 32-26 и се пласираше на Олимписките Игри во Рио. Сето ова покажува дека Тунис е сериозна репрезентација.

Репрезентацијата на Тунис сериозно се подготвува за Светското првенство во Франција, каде патува со високи амбиции – пласман во четврт-финалето. Подготовките ги започна многу порано во споредба со европските репрезентации, па веќе во првата половина на декември играше две пријателски средби со Египет на кои забележа пораз (19-24) и нерешено (28-28). И на двата натпревари, кои следеа по неколку дневните подготовки најдобри беа главните ѕвезди на Тунис – Жалуз и Буганеми.

Втората фаза од подготовките Тунис ја мина во Шпанија, каде одигра два пријателски натпревари против селексијата на Баскија и забележа две очекувани победи (28-25 и 24-21). На овие два меча Тунижаните настапија без најголемата ѕвезда Жалуз, кој паузираше неколку дена поради ситна повреда, но подготвен ќе го дочека почетокот на шампионатот во Франција и мечот со Македонија.

Селекторот на Тунис, Хафед Зуаби веќе се одлучи за 18-те играчи кои ќе настапат во Франција. Тоа е состав кој несомнено ќе биде тежок противник за сите противници во групата и кој доколку одигра на највисоко ниво, може да се надева на пласман во следната рунда натпревари.

Селектор: Hafedh Zouabi

Голмани: Marwan Maggaiez Makram Missaoui, Marwen Soussi.

Играчи: Osama Boughanmi Khaled Haj Youssef Wael Jallouz, Mosbah Sanai, Skandar Zaied Mohamed Soussi, Sobhi Saied, Issam Tej, Marwen Chouiref, Jihed Jaballah, Amine Bennour Oussema Hosni Tarek Jallouz, Aymen Toumi and Anoar Ben Abdallah.

Распоред на натпревари:

  • Тунис – Македонија (12.01)
  • Тунис – Шпанија (14.01)
  • Тунис – Исланд (15.01)
  • Тунис – Словенија (17.01)
  • Тунис – Ангола (19.01)
Т.К
Т.К
Ракомет > фудбал + кошарка. Ракометен фан од времето на Марина Абрамова!

Comments are closed.