Со комплетирањето на 14-то коло викендов во ВИП Суперлигата во машка конкуренција, заврши натпреварувачкиот дел од 2015 година во елитното домашно клупско натпреварување. РФМ излезе со поединечна статистика за најдобрите 5 стрелци по завршувањето на есенскиот дел од сезоната.

Топ 5 стрелци:
  1. Вања Илиќ (РК Работнички) со 101 погодоци.
  2. Ивица Илиев (РК Радовиш) со 100 погодоци.
  3. Димитар Димитриоски (РК Металург 2) со 89 погодоци.
  4. Миле Ордев (РК Радовиш) со 83 погодоци.
  5. Ласко Андоновски (РК Тинекс Пролет) со 76 погодоци.