Стојанче Стоилов: Нашата група на ЕП е многу тешка!

(Видео) Најдобрите 30 одбрани во ЛШ за 2017 година!
15/12/2017
Ристовски: Да бидеме реални, не можеме да се бориме за медал!
25/12/2017

Стојанче Стоилов: Нашата група на ЕП е многу тешка!

Македонскиот репрезентативец, Стојанче Стоилов беше еден од четирите ракометари кои присуствуваа на вчерашниот собир на репрезентацијата, каде ги започнаа подготовките за престојното Европско првенство кое што во Јануари ќе се игра во Хрватска.

Стоилов има големо искуство од настапите на последните големи натпреварувања, очекува да ја исполниме основната цел, но е свесен и дека на ЕП нема лесни натпревари и противници кои лесно ќе ги предадат бодовите

„Групата е многу, многу тешка, иако имаше реакции дека е полесна група. Европското првенство е потешко од Светското првенство. Има квалитет. Очекувањата се да го минеме првиот круг. Имаме сили, има квалитет, но како што кажав, тешко ќе биде. Можеме сите три да ги победиме, а можеме и од сите три да изгубиме. Важно е да се подготвиме и со ладни глави да заминеме за Хрватска. Системот е таков напорен, но мислам дека има сила“ – изјави Стоилов.

С.П
С.П
Со спортот и ракометот уште од детството. Твитерџија и љубител на македонскиот ракомет! #макракомет

Comments are closed.