Стоилов: Очекувам уште еден тежок натпревар!

Капитенот порачува: Не ја оставам Македонија!
05/02/2018
Вардар по победа над Пик Сегед
18/02/2018

Стоилов: Очекувам уште еден тежок натпревар!

Ракометарите на РК Вардар попладнево го пречекуваат Пик Сегед во рамките од групната фаза во Лигата на шампионите. По поразот од Барселона во претходното коло кој за „црвено-црните“ беше прв сезонава во сите натпреварувања, вардарци максимално се фокусирани на денешниот натпревар да се вратат во победнички ритам и сочуваат првото место во групата А.

Стоилов изјави дека психолошки тој пораз не се одразил на нивната игра, туку напротив ги мотиварал за престојнот натпревар да одиграат на уште повисоко ниво и забележат победа.

„Поразот од Барселона не се одрази психолошки на нашата игра, бидејќи зад себе имаме одлична сезона. Се надевам на добра игра и на победа за која клучна ќе биде цврста игра во одбраната и лесни голови. Пик Сегед е тим кој добро го знаеме, но и тие не познаваат исто така многу добро. Тоа е тим кој многу го почитуваме и очекувам уште еден тежок натпревар. На првиот меч таму одигравме нерешено, очекувам ист таков тежок дуел и сега. Но, ние сме европски шампиони, така треба и да се однесуваме. И играме на домашен терен“ – изјави Стојанче Стоилов

Натпреваро започнува во 17:00 часот, со директен пренос на МРТ.

С.П
С.П
Со спортот и ракометот уште од детството. Твитерџија и љубител на македонскиот ракомет! #макракомет

Comments are closed.