Стоилов: Не сум задоволен ни од себе, ни од никого!

Велковски: Многу е тешко да го замениш Кире Лазаров!
24/01/2018
(Видео) Македонска репрезентација – бестрашни!
25/01/2018

Стоилов: Не сум задоволен ни од себе, ни од никого!

Македонскиот репрезентативец, Стојанче Стоилов по убедливиот пораз од Данска (31:20) видно разочаран изјави дека не е задоволен ни од себе, ни од никого. Падот на целата репрезентацијата на последниве три натпревари не може да се објасни, но ја пофали играта на младите ракометари на ова ЕП во Хрватска.

„Не знам што да речам, не сум задоволен ни од себе ни од никого. Цела екипа некако паѓаме наеднаш, не знам зошто ни се случува тоа. Тешко е да трчаш со Данците. Во прво полувреме измената ни беше блиску до клупата, но во второ имавме далечна измена и целосно нѐ наттрчаа. А и бевме уморни, синоќа имавме тежок психолошки натпревар, не е само физичкиот умор. Вчера да победевме, можеби и денеска ќе победевме. Екипата навистина добро се чувствуваше, има атмосфера во екипата што е многу позитивно. Младите се супер… поточно, на добар пат се, секогаш може подобро. Имавме и супер голмани на ова првенство, но тоа е, во некои мали ситници е разликата од полуфинале и местата подолу“
– изјави Стоилов.

С.П
С.П
Со спортот и ракометот уште од детството. Твитерџија и љубител на македонскиот ракомет! #макракомет

Comments are closed.