Словенија – репрезентација за респект

Ангола – противник кој не треба да се потцени
08/01/2017
Анкета: Која е вашата прогноза за Македонија на СП во Франција?
09/01/2017

Словенија – репрезентација за респект

На СП во Франција, противник на Македонија во третото коло ќе биде репрезентацијата на Словенија.

Предводени од извонредниот Веселин Вујовиќ, словенечката репрезентација е, заедно со Шпанија, главен фаворит за освојување на првото место во групата. И не само тоа, туку Словенија на овој шампионат тргнува со високо поставени цели. Впрочем и што друго може да се очекува од репрезентација предводена од Вујовиќ, кој знае како да го наметне победничкиот менталитет на секој тим кој го предводи.

А репрезентацијата на Словенија не е било каков тим. Во последно време, Словенија забележува значајно подобрување во играта и квалитетот. Со доаѓање на чело на Вујовиќ, репрезентацијата успеа за кратко време од лош пласман на ЕП 2016 (14 место), да дојде до ОИ елиминирајќи ја моќната Шпанија, да го освои 6-то место во Рио и да се квалификува за СП со победа над силната Норвешка. Сега, со почетокот на нов олимписки циклус, Вујовиќ продолжи со дополнително подмладување на репрезентацијата и создавање екипа која ќе може да игра заедно. Проблем на ова првенство за Словенија може да биде отсуството на првите 2 средни бека – Зорман и Бомбач. Таа празнина ќе треба да ја пополнат Миха Зарабец од Цеље и искусниот Безјак од Магдебург. Тие ќе треба да ги поврзат редовите во нападот на Словените, помеѓу искусните Доленц, Кавтичник, Миклавчич и помладите Јанц, Хенигман, Лпдрин, Цингесар и останатите.

Оваа словенечка репрезентација на првенството ќе настапи со колектив, а не со индивидуални ѕвезди. И тоа ќе биде нивното најсилно оружје. Тоа го покажаа и на подготвителните натпревари. Убедливо е совладана Саудиска Арабија со 31-18 и доживеан е тесен пораз од домаќинот Франција со 29-27. И на двата натпревари голем број словенечки играчи се запишаа во листата на стрелци (14 со Саудиска Арабија и 11 со Франција), што ја покажува силата на колективот на оваа репрезентација.

Се на се, Словенија може да биде големо изненадување на ова првенство. Останува да видиме колку Вујовиќ ќе успее да ја подготви својата екипа за голем успех на шампионатот.

Тренер: Веселин Вујовиќ

Голмани: Urban Lesjak (Celje Pivovarna Laško), Matevž Skok (Zagreb, Hrv), Urh Kastelic (Maribor Branik)

Играчи: Darko Cingesar (Zagreb, Hrv), Blaž Janc, Tilen Kodrin (oba Celje Pivovarna Laško), Gašper Marguč (Veszprem, Mad), Marko Bezjak (Magdeburg, Nem), Vid Kavtičnik, Jure Dolenec (oba Montpellier, Fra), Nik Henigman (Riko Ribnica), Borut Mačkovšek, Miha Zarabec (Celje Pivovarna Laško) in David Miklavčič (Zagreb, Hrv), Blaž Blagotinšek (Veszprem, Mad), Matej Gaber (Pick Szeged, Mad), Vid Poteko (Celje Pivovarna Laško), Primož Prošt (Göppingen, Nem), Gorazd Škof (PSG, Fra), Simon Razgor (Meškov Brest, Blr) i Mario Šoštarič (Pick Szeged, Mad), Dean Bombač, Uroš Zorman (oba Vive Tauron Kielce, Pol), Jan Grebenc (Riko Ribnica), Vid Levc (Gorenje Velenje), Žiga Mlakar, David Razgor (Celje PL), Miha Žvižej (Montpellier, Fra)

Распоред на натпревари:

  • Словенија – Ангола (12.01)
  • Словенија – Исланд (14.01)
  • Словенија – Македонија (16.01)
  • Словенија – Тунис (17.01)
  • Словенија – Шпанија (19.01)
Т.К
Т.К
Ракомет > фудбал + кошарка. Ракометен фан од времето на Марина Абрамова!

Comments are closed.