Симовски со поширок список за завршните квалификации за ЕП 2018

(Видео) Кире Лазаров – Легендата продолжува!
16/05/2018
ЖРК Вардар е шампион на Македонија
17/05/2018

Симовски со поширок список за завршните квалификации за ЕП 2018

Селекторот на женската ракометна репрезентација, Симе Симовски го објави поширокиот список од 27 ракометарки за последните два натпревари од квалификациите за ЕП 2018 против селекциите на Шведска и на Србија.

Македонија е во третата квалификациска група за ЕП во која покрај репрезентациите на Шведска и Србија, се натпреварува и репрезентацијата на Фарски Острови. Македонија е на третото место со четири бода од двете победи над Фарски Острови и два пораза од Шведска и Србија, кои со по 6 бода се на првите две места во нашата група.

Во последните две кола од овој квалификациски циклус, Македонија на 30-ти мај во СРЦ Кале ја пречекува Шведска, а во последното коло на 3 јуни ќе и гостува на Србија во Ниш.

На поширокиот список на Симовски се наоѓаат:

  1. Драгана Петковска
  2. Матеја Серафимова
  3. Амра Илјаз
  4. Јована Мицевска
  5. Јована Саздовска
  6. Сара Ристовска
  7. Наташа Нолевска
  8. Марија Гајиќ
  9. Теодора Керамичиева
  10. Марија Штериова
  11. Александра Боризовска
  12. Душица Ѓоргиевска
  13. Елена Ливриниќ
  14. Леонида Гичевска
  15. Елена Ѓеорѓиевска
  16. Дајана Јовановска
  17. Ивана Гакидова
  18. Марија Николиќ
  19. Милица Николиќ
  20. Мирјета Бајрамовска
  21. Ангела Тодоровска
  22. Мила Трајковиќ
  23. Моника Јаневска
  24. Јована Кипријановска
  25. Марија Тасевска
  26. Јана Калајџиевска
  27. Сања Дабевска
С.П
С.П
Со спортот и ракометот уште од детството. Твитерџија и љубител на македонскиот ракомет! #макракомет

Comments are closed.