Шок за Монпелје: Прокоцкана титула пред натпреварот со Вардар

(Видео) ЕХФ го најави Вардар пред Ф4 турнирот во Келн
22/05/2018
Исланѓани ќе му судат на Вардар против Монпелје
23/05/2018

Шок за Монпелје: Прокоцкана титула пред натпреварот со Вардар

Противникот на Вардар во полуфиналето на Ф4 турнирот во Келн престојниов викенд, екипата на Монпелје доживеа неочекуван пораз во француското првенство од Сен Рафаел (26:25).

Пораз со кој му овозможи на ПСЖ да го преземе водството на табелата на едно коло до крајот на францускиот шампионат. Монпелје долго ја имаше лидерската позиција на табелата, но вчерашниот пораз значи дека ПСЖ ќе биде шампион доколку во последното коло слави на домашен терен против Шамбери.

Најефикасни на натпреварот беа Порт со 8 и Кавтичник со 5 постигнати погодоци, додека кај победничкиот тим Сармиенто постигна 6 погодоци.

С.П
С.П
Со спортот и ракометот уште од детството. Твитерџија и љубител на македонскиот ракомет! #макракомет

Comments are closed.