Екипата на Вардар во рамките на осминафиналните дуели во Велукс лигата на шампионите, денес ќе се сретне со полската екипа, екипата на Висла Плоцк. Вардар е пред тешко гостување во Полска со оглед на моменталниот здравствен билтен на тимот, како и овогодинешната засилена екипа на Висла во однос на онаа од минатата година. Вардарци овој прв натпревар од нокаут фазата го играат денес со почеток во 18:30 часот.

Во пресрет на овој дуел, ракометарот на Вардар и репрезентативец на Македонија, Стојаначе Стоилов го изјави следното:

,, Полјаците се незгоден противник што сигурно не смееме да го потцениме. Лани имавме тежок меч во оваа сала, малку ги потценивме и тоа ни се удри од глава. Според мене Висла оваа сезона е малку подобра од лани, но ние сме попаметни и поискусни за една година. Верувам дека лекцијата е научена и овојпат ќе одиграме најдобро што можеме. Имаме квалитетен тим, за жал се соочуваме со проблеми со повредени играчи, но се надевам дека тоа нема да влијае врз резултатот – истакна Стоилов.

Директен пренос од овој натпревар можете да следите на МРТ1 со почеток во 18:30 часот.