РК Вардар му гостува на незгодниот Кристијанштад

Гонзалес: Заминувам во ПСЖ, но останувам селектор на Македонија!
03/11/2017
(Видео) Вуко Борозан во идеалниот тим на ЛШ!
20/11/2017

РК Вардар му гостува на незгодниот Кристијанштад

Актуелниот македонски и европски првак, екипата на Вардар денеска гостува во Шведска кај незгодниот Кристијанштад. Нашиот првак во овој двобој е апсолутен фаворит и се освен победа на екипата на Вардар би претставувало сензација.

Досега овие две екипи се имаат сретнато четири пати, во кои ракометарите на Вардар исто толку пати забележаа победа. Последниот натпревар беше на 12-ти март оваа година, каде Вардар победи на домашен терен со 3 погодоци разлика. Најавата за заминувањето на Раул Гонзалес од тренерската позиција во екипата на Вардар, како и најавите за заминување на Абутовиќ и Македа сигурно нема да го разнишаат Вардар, по што се очекува ракометарите на Вардар да издвојуваат победа.

„Црвено-црните“ на овој натпревар ќе бидат без Мораес кој сеуште се опоравува од повредата на носот здобиена на претходниот натпревар, како и без голманот Милиќ, кој исто така има повреда.

Екипата на Кристијанштад е искусна скандинавска екипа која што во своите редови поседува добри играчи, од кои што најмногу се истакнува десниот бек Албун Лагарген. Екипата предводена од искусниот тренер Ола Линдгрин, иако сеуште е без победа оваа година во Лигата на шампионите (со само еден бод против екипата на ППД Загреб), не треба да се потцени! За разлика од шведската екипа, нашиот претставник во Лигата на шампионите сеуште не е поразен.

Сите љубители на македонскиот ракомет посакуваат тоа да продолжи и после овој натпревар.
Натпреварот започнува во 18:00 часот, со директен пренос на МРТ!

Автор: Стефан Димитријевиќ

С.П
С.П

Со спортот и ракометот уште од детството.
Твитерџија и љубител на македонскиот ракомет! #макракомет

Comments are closed.