РК Радовиш и РК Работнички со победи ја отворија пролетната полусезона

Денес стартува пролетната полусезона од ВИП Супер лигата
11/03/2016
Измена во составот на Македонија: Ладева на местото на искусната Антиќ!!!
12/03/2016

РК Радовиш и РК Работнички со победи ја отворија пролетната полусезона

Екипите на Радовиш и Работнички остварија победи на отварањето на вториот дел од сезоната од ВИП машката Супер лига. Тимот на Радовиш, на домашен терен успеа да слави над екипата на Металург 2 со високи 32:22 (16:11). Во текот на целиот натпревар, домашната екипа доминираше и беше во водство за што сведочи и крајниот резултат од +10 голови разлика. Најефикасни на овој натпревар беа Илиев од екипата на Радовиш кој постигна 11 голови, а од екипата на Металург 2 се истакнаа Гошевски и Стојковски кои постигнаа по 4 голови.

Денес од 12 часот во спортската сала ,,Форца“ се сретнаа екипите на Работнички и Прилеп и овој натпревар го доби епитетот дерби, но сето тоа го сруши екипата на Работнички која успеа високо да го порази противникот 34:25. Со оваа значајна победа, екипата на Работнички успеа да обезбеди место во завршницата, односно плејофот.  Металург, Охрид, Прилеп и Работнички се екипите кои обезбедија место во завршницата, а на нив ќе им се придружат Вардар и Макс Струмица со што ќе започне втората фаза, односно разигрувањата за титулата.

15 коло:

РК Радовиш – РК Металург 2 32:22

РК работнички – РК Прилеп   34:25

РК Металург – РК Пелистер (недела, 12 часот)

РК Тинекс Пролет – РК Вардар Јуниор (недела, 15 часот)

РК Охрид – РК Борец (недела, 18 часот)

Comments are closed.