РК Пелистер се пласира во следната фаза од Челинџ купот

Рајн Некар Левен му се одмазди на Вардар
26/11/2016
Металург по победа над Татран Прешов
27/11/2016

РК Пелистер се пласира во следната фаза од Челинџ купот

Ракометарите на РК Пелистер се пласираа во следната фаза од Челинџ купот, елиминирајќи го босанскиот преставник Вогошча.

Откако минатата недела загубија во Битола со 21:23, повеќето ги отпишаа битолчани. Но, вечерва тие покажаа дека ништо не беше готово во Битола и дека се квалитетна екипа, која успеа на гостувањето во Босна да победи со 25:28, доволно за да одат понатаму.

Избраниците на Касим Каменица одиграа одличен натпревар и заслужено се враќаат во Битола со полн плен. Иако на полувремето губеа минимално со 16:14, се вратија во натпреварот и со пресврт во второто полувреме стигнаа до посакуваниот триумф од три погодоци.

Најефикасни на натпреварот беа Маџовски со 6 и Везенковски со 4 постигнати погодоци.

МакРакомет им го честита овој успех и им посакува да продолжат да не радуваат понатака!

С.П
С.П
Со спортот и ракометот уште од детството. Твитерџија и љубител на македонскиот ракомет! #макракомет

Comments are closed.