Ракометарите на РК Пелистер ја добија португалската екипа, Спортинг Лисабон при ждребот за следната фаза во Челинџ Купот. Екипа која важи за една од најсилните екипи, ако не и претендент за освојување на ова натпреварување.

Екипата во која игра поранешниот играч на РК Металург, Јанко Божовиќ ќе биде тимот кој ќе им стои на патот на избраниците на Касим Камница. Спортинг без никакви проблеми ја помина претходната фаза, каде на два пати славеа убедливо против италијанскиот прволигаш Ромања. Истотака вреди да се напомене, дека пред 2 години гостуваа во Струмица кај Зомимак-М, каде во Струмица славеа убедливо со 24:36, додека на домашен терен ги декласирааа струмичани со 39:22.

Но, има време ракометарите на РК Пелистер да се подготват, а зошто и да не изненадат следната година.

Првиот натпревар од овој двомеч ќе се игра во Битола на 18-ти февруари, а реваншот е закажан за седум дена подоцна во Лисабон.