РК Пелистер го заврши натпреварувањето во Челинџ купот

Вања Илиќ: Среќни сме што направивме три чекори повеќе од минатата сезона!
19/02/2017
(Видео) Штербик и Дибиров во идеалниот тим на колото во ЛШ
20/02/2017

РК Пелистер го заврши натпреварувањето во Челинџ купот

Ракометарите на РК Пелистер го завршија натпреварувањето во Челинџ купот, откако по вчерашниот висок пораз во првиот 1/8 финален натпревар против Спортинг Лисабон (18:32) и денеска во реванш натпреварот загубија со 35:26.

Битолчани и двата двата натпревари ги играше на теренот на противникот во Лисабон, поради тоа што реновирањето на салата во Битола сеуште не беше завршено, како и поради финансиските проблеми. Спортинг максимално ја искористи максимално предноста на домашниот терен и ја потврди улогата на фаворит во овој дуел и очекувано, обезбеди пласман меѓу 8-те најдобри екипи во Челинџ купот.

На двата натпревари се виде дека квалитетот на португалците е далеку поголем од ракометарите на Пелистер. Кои во првиот натпревар одиграа многу лошо и загубија со 14 погодоци разлика. За разлика од вчерашниот, денеска одиграа за нијанса подобро и поефикасно. Оптеретени од притисокот одиграа солидно прво полувреме, каде заминаа со минимална негатива од 15:14. За во второто полувреме ракометарите на Спортинг уште во првите минути се одлепи резултатски и во продолжението постепено ја зголемуваше предноста, која на крај резултираше со 8 погодоци разлика и крај за РК Пелистер во Челинџ купот.

С.П
С.П
Со спортот и ракометот уште од детството. Твитерџија и љубител на македонскиот ракомет! #макракомет

Comments are closed.