Раул Гонзалес со проверени сили против Романија

Гонзалес: Моето срце секогаш ќе биде со Вардар, со Македонија! (Видео)
09/06/2018
Македонија убедливо ја совлада Романија
10/06/2018

Раул Гонзалес со проверени сили против Романија

Селекторот на македонската машка репрезентација, Раул Гонзалес го одреди 16-мината кои вечерва ќе истрчаат на теренот во СЦ „Борис Трајковски“ во првиот бараж дуел против Романија за пласман на Светското првенство во Германија и Данска.

Гонзалез за овој натпревар нема да смета на голманите Мартин Tомовски и Златко Даскаловски, како и од Гоце Ојлески и Горан Крстевски.

Ракометарите кои ќе настапат вечерва: Борко Ристовски и Никола Митревски, Кирил Лазаров, Филип Лазаров, Дејан Манасков, Гоце Георгиевски, Филип Миркуловски, Велко и Никола Маркоски, Стојанче Стоилов, Немања Прибак, Филип Талески, Филип Кузмановски, Мартин Велковски, Мартин Поповски и Жарко Пешевски.

Натпреварот започнува од 20:30 часот, со директен пренос на Телма телевизија.

С.П
С.П
Со спортот и ракометот уште од детството. Твитерџија и љубител на македонскиот ракомет! #макракомет

Comments are closed.