ПСЖ нуди четири милиони за Лука Циндриќ!

Дејан Манасков е најдобар играч на Веспрем за изминатата сезона!
30/06/2018

ПСЖ нуди четири милиони за Лука Циндриќ!

Поранешниот ракометар на Вардар, Лука Циндриќ би можел да не заигра ниту еден натпревар за полскиот Киелце, откако од таборот на ПСЖ, каде што тренер е Раул Гонзалез испратија голема понуда за хрватскиот интернационалец.

Со оглед на тоа дека сопственикот на ПСЖ, катарскиот емир Насер Ал-Келаифи има неограничени финансиски ресурси и се чини дека би направил се за „светците” да седнат на кровот на Европа, тие му понудија 4 милиони евра, откако претходно Киелце одбил на два пати (еднаш 1 милион и еднаш 1.5 милиони).

Се чека одговор од Келце, кој доколку ја прифати понудата Лука Циндриќ ќе стане најскапиот ракометар во историјата.

С.П
С.П
Со спортот и ракометот уште од детството. Твитерџија и љубител на македонскиот ракомет! #макракомет

Comments are closed.