Преглед на второто коло од ВИП Супер лигата

(Видео) Талески и Душебаев во идеалниот тим на 1-то коло во ЛШ
26/09/2016
Металург против Нексе ќе брка втора победа во СЕХА лигата
27/09/2016

Преглед на второто коло од ВИП Супер лигата

Со натпреварот помеѓу екипите на РК Металург 2 и РК Радовиш, се комплетира второто коло од ВИП машката Супер лига. Коло за кое мора да се напомене дека екипата на РК Металург 2 приреди изнанадување, совладувајќи го РК Радовиш, кој многумина го сметаа за фаворит на тој натпревар. Но, не треба да се изостави и големиот пресврт на прилепчани, кои славеа сред Битола.

Во пресрет преглед на колото за секој натпревар поединечно:

  • РК Еурофарм Работник 18:17 РК Охрид 2013

Овие две екипи го отворија второто коло, во спортската сала „Младост“. Во еден тежок и крајно неизвесен натпревар, ракометарите на Работник го совлада РК Охрид. Во првото полувреме се играше егал натпревар, гол за гол. При крајот со мини серија од 3-0, охриѓани направија минимална предност од 3 погодоци, но, сепак заминаа на полувреме со 8:10. Второто полувреме продолжи истата игра, се до 40-та минута, кога домаќините направија серија од 6-2 за да направат целосен пресврт и минимално го победат РК Охрид, со конечни 18:17.

Најефикасен во екипата на Еурофарм Работник беше Барос со 6 постигнати погодоци, додека кај Охрид најефикасен беше КОбетиќ со 5 постигнати погодоци.

  • РК Вардар Јуниор 18:20 РК Тинекс Пролет

Во скопското дерби, ракометарите на Тинекс Пролет издвојуваа минимална победа од 18:20 над Вардар Јуниор во СЦ „Кале“. Сепак поголемото искуство беше пресудно за овој натпревар, во кој уште од самиот почеток ракометарите на Пролет направија солидна предност од 10:5, која успешно ја сочуваа до крајот на натпреварот. „Црвено-црните“ на два пати пробаа да направат пресврт, кога им се доближија резултатски на минус 1-2 погодоци. Но, во клучните последни минути, вардарци не успеаја да реализираат во нападот, по што Тинекс Пролет знаеше да го казни тоа и заслужено освои нови бодови.

Најефикасен кај домаќините беше Вујачиќ со 6 постигнати погодоци, додека кај гостите Андоновски со 8 постигнати погодоци.

  • РК Пелистер 30:32 РК Прилеп 2010

Ракометарите на РК Прилеп го добија пелагониското дерби против Пелистер со 32-30, во крајно драматичен натпревар. И покрај предноста што ја имаа битолчани првото полувреме 17:12, го загубија натпреварот. Ракометарите на РК Прилеп одиграа фантастично во второто полувреме, кое го добија со 20:13 и заслужено си заминаа од Битола со нови бодови. Цврстата одбрана и разновидноста во нападот, беа нерешлива енигма за битолчани кои се загубија во второто полувреме.

Најефикасни кај гостите беа Орјоникидзе со 11 и Бозароски со 10 постиигнати погодоци, додека кај домаќините најефикасен беше Рајатовски со 5 постигнати погодоци.

  • ГРК Борец 38:20 РК Работнички

Во спортската сала „Гемиџии“, разликата во класи беше видлива уште од самиот почеток и прашање на време беше кога мечот ќе се „прекрши“ во полза на велешани. Во првото полувреме, ракометарите на Работнички успешно му парираа на домаќинот и на полуврме заминаа само со негатива од 4 погодоци (16:12). Но, веќе по стартот на второто полувреме велешани направија серија од 5-0 и се одлепија резултатски, што само до крајот се зголемуваше предноста, за конечни 38:20 и прва победа во новата сезона.

Најефикасни кај домаќинот беа Илиев и Стојановски со по 7 постигнати погодоци, додека кај гостите најефикасен беше Симоноски со 7 постигнати погодоци.

  • РК Металург 2 30:27 РК Радовиш

Слободно овој натпревар може да го наречеме „изненадување на колото“, а и воопшто екипата на Металург 2. Екипа која сите го гледаа како аутсајдер на овој натпревар, како и на претходниот (кога одигра нерешено со Пролет). Но, младите ракометари решиле оваа сезона да не ја повторат минатогодишната сезона која ја завршија без ниту една победа. Така и го започнаа натпреварот, поведоа со 5:1 уште на почетокот. Но, прилепчани се вратија во игра, израмнивајќи го резултатот и до крајот на првото полувреме се играше гол за гол, за на полувреме да се замине со минимално водство од 17:16. Во второто полувреме продолжи во исто темпо натпреварот, се до 55-та минута, кога „плаво-белите“ направија серија од 3-0, која беше одлучувачка за првата победа и голема радост на ракометарите на Металург.

Најефикасен кај домаќините беше Крстевски со 7 постигнати погодоци, додека кај гостите Левов со 9 постигнати погодоци.

С.П
С.П
Со спортот и ракометот уште од детството. Твитерџија и љубител на македонскиот ракомет! #макракомет

Comments are closed.