Полските репрезентативци со голем респект гледаат на нашата репрезентација во пресрет вечерашниот натпревар од 20:30 часот, во Таурон арената во Краков.

Пред некој ден голманот на Полска, Вишомирски изјави дека голем дел од времето го поминал анализирајќи ги шутевите на Кире Лазаров, додека останатите играчи се свесни дека Македонија не е само Лазаров, туку дека се еден колектив, на кој мора да се внимава на секој играч.

„Се знае дека Кире Лазаров е главната ѕвезда, од него почнуваат сите акции, но никако не може да се каже дека Македонија е само Лазаров. Станува збор за одличен колектив кој цели 50 минути им создаваше проблеми на Французите, што е доволен доказ за квалитетите на нашиот денешен противник. Ќе мора да внимаваме на сите нивни адути доколку сакаме да стигнеме до победата“ – истакнува Пјотр Масловски.