Полека но сигурно Македонија ја пишува најубавата ракометна историја!

(Видео) Последниот тајмаут на Македонија, кажува многу!
18/01/2018
(Видео) Топ 15 погодоци од првата фаза на ЕП во Хрватска
19/01/2018

Полека но сигурно Македонија ја пишува најубавата ракометна историја!

Ако ракометот беше религија, тогаш Раул Гонзалес дефинитивно ќе беше нашиот Бог. Во Загрепска Арена репрезентацијата на Македонија го игра најдоброто првенство во досегашната ракометната историја.

Непобедлива, сигурна, борбена и истрајна во сите три кола.

Со првата победа над Словенија го достигнавме тоа по кое копнеевме со години, победа над нашиот вечен ривал на “бојното поле”. Влеговме во директна борба со репрезентација која и со неколку повредени играчи покажа дека е вистинска закана за нас.

Не се штедевме ниту со репрезентацијата на Црна Гора. И покрај нивниот лош старт тие достојно се спротиставија на фаворитот во мечот. После повторна 60 минутна борба уште 2 поени беа впишани на наше име со кои се најдовме на врвот на табелата и си го осигуравме билетот до Вараждин.

За да го загарантираме тоа место, следна цел ни беше селекцијата на Германија, бранител на европската титула. Ова беше дефинитивно најтешката битка која ја изиграа нашите херои. Македонија рамо до рамо цел натпревар беше со една од најсилните европски, а впрочем и светски екипи.

Избраниците на Раул Гонзалес го изиграа еден од најдраматичните, а можеби и најдобрите натпревари во својата кариера.

Што е следно? Мала пауза, селење во Вараждин и физичка, но и психичка подготвеност за новите 3 дуели. Пред нас повторно се 3 големи репрезентации со кои воопшто нема да биде лесно, но по досегашната игра веруваме дека и на нив ѝм претставуваме вистинска закана.

Со среќа во главната фаза, за многу голови и нови победи.

Спортски поздрав!

Ј.Г
Ј.Г
Не верувам во живот после првенство во ракомет!

Comments are closed.