Очекуван пораз од Данска, за 11-то место на ЕП во Хрватска!

(Видео) Најдобрите моменти од вчерашниот натпревар со Чешка!
24/01/2018
Велковски: Многу е тешко да го замениш Кире Лазаров!
24/01/2018

Очекуван пораз од Данска, за 11-то место на ЕП во Хрватска!

Македонската репрезентација очекувано вечерва загуби од репрезентацијата на Данска, со убедливи 31:20 во рамките од последниот натпревар на ова ЕП во Хрватска.

Со овој пораз, нашата репрезентација го заврши Европското првенство на 11-то место, пред репрезентацијата на Србија. Иако имавме повеќе бодови и од Белорусија, правилата на ЕХФ велат дека шестите репрезентации од групите конкурираат за 11-то и 12-то место.

Нашите ракометари одиграа едно добро прво полувреме, по што следуваше голем пад во второто полувреме. Пад кој искусните данци го искористија и убедливо не совладаа со 31:20.

Најефикасни на натпреварот беа Кузмановски со 6, Стоилов и Манасков со по 4 постигнати погодоци. Додека на голот повторно добар настап прикажа Митревски со 10 интервенции.

С.П
С.П
Со спортот и ракометот уште од детството. Твитерџија и љубител на македонскиот ракомет! #макракомет

Comments are closed.