Обрван: Ремито е добар резултат, иако жалам што не победивме

Прибак: Наместо три добиени натпревари, имаме два нерешени
25/01/2016
(Видео) Бомбата на Филип Миркуловски
25/01/2016

Обрван: Ремито е добар резултат, иако жалам што не победивме

Селекторот на македонската репрезентација, Ивица Обрван изрази задоволство по второто реми на нашата репрезентација на шампионатот, овојпат против репрезентацијата на Норвешка, која беше фаворит во овој натпревар бидејќи претходно ги имаше совладано репрезентациите на Хрватска и Полска.

„Во тие моменти важно ни беше да ја сочуваме топката до самиот крај. Идејата беше топката да се движи се до последните десет секунди, а потоа да не дозволивме фаул, туку да создадеме простор за шут во зависност како ќе се одвива акцијата, дали на Кире Лазаров, или пак топката да биде спуштена на пивот. Проблемот настана кога загубивме време со фаулот над Прибак, шутот не беше од изградена позиција, но во секој случај морам да кажам дека сум задоволен, горд на моите играчи, ремито е добар резултат, иако жалам што не победивме“ – изјави Ивица Обрван.

С.П
С.П
Со спортот и ракометот уште од детството. Твитерџија и љубител на македонскиот ракомет! #макракомет

Comments are closed.