Обван: Белорусија е незгодна репрезентација, Кузмановски се враќа!

Добра игра, но повторно за малку
26/01/2016
Македонија против Тунис, Чиле и Полска до Рио
31/01/2016

Обван: Белорусија е незгодна репрезентација, Кузмановски се враќа!

Младиот Филип Кузмановски после повредата на натпреварот со Норвешка тренираше со репрезентативците, со што се очекува на денешниот натпревар да заигра против Белорусија.

„Многу играчи се пожалија на удари во текот на вчерашниот натпревар со Норвешка, но очекувам се да биде во најдобар ред и комплетни да играме против Белорусија. Како што гледате Кузмановски е тука и е подготвен да тренира без никакви проблеми. Очекувам да игра и Филип Лазаров, и тоа најмалку оноколку колку што играше против Норвешка. Крај е на шампионатот, но верувам дека уште имаме резерви во себе, дека ќе одиграме квалитетен натпревар и ќе стигнеме до победа, нешто што апсолутно заслуживме со игрите во досегашниот дел од првенството“ – изјави Обрван.

Во врска со денешниот противник Белорусија, кој до сега има забележано само една победа над Исланд, Обрван изјави дека белорусите се незгодна репрезентација и предупреди дека не станува збор за воопшто наивен ривал.

„Белорусите се незгодна репрезентација, со специфичен тип на одбрана која брзо се трансформира од 3-3 во 6-0. По потреба знаат да играат и 5-1, и против Исланд оној најистурен играч беше насочен кон левиот бек, во нашиот случај најверојатно ќе биде обратно, па ќе играат поблизу до Кире Лазаров. Ќе треба добро да се подготвиме за нив, да играме најдобро што знаеме и на крајот да се радуваме“ – заврши Ивица Обрван

С.П
С.П
Со спортот и ракометот уште од детството. Твитерџија и љубител на македонскиот ракомет! #макракомет

Comments are closed.